Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 1 / 2. 03. 2019 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
– Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 121 возач, а кај 14 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. Откриени се и 40 останати прекршоци за кои се издадени 33 мандатни платни налози и 7 прекршочни платни налози – велат оттаму.
Од МВР информираат дека на 01/02. 03.2019 година во периодот од 22.00 до 05.00 часот биле преземени мерки за непрописно паркирани возила на улиците: Св. Климент Охридски, Јордан Мијалков, Димитрија Чуповски и Кеј 13-ти Ноември и со специјално возило „пајак“ биле подигнати 20 патнички моторни возила.