Тројца малолетници и 44-годишен скопјанец вчера физички се нападнати од две машки лица во автобус број 33 на ЈСП.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека на 5. ноември 2018 година околу 14.00 часот е пријавено дека во автобус број 33 на ЈСП од страна на две машки лица физички биле нападнати три лица на возраст од 17 и еден 15-годишник, како и М.Е.(44) од Скопје.
По преземени мерки за расчистување на случајот, во полициска станица се повикани Б.Р. (18) и уште едно малолетно лице и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.