По завршувањето на седницата за уставни промени, од страна на полицијата беа приведени четворица учесници на протестите против уставните измени кои, неофицијално, се обиделе да ја прескокнат оградата и да се упатат кон Собранието, пренесе Макфакс.
По завршувањето на протестот се обрати Драган Угриновски, еден од организаторите, кој рече дека ова за нив е успешен ден бидејќи не им дозволиле на пратениците да ги изгласаат уставните промени.
– Ова е успешен ден за Македонија, не им дозволивме да го изгласаат она што сакаа да изгласаат. И бидејќи не успеаја во намерата, сакаа да не испровоцираат со полицијата – рече Угриновски.
Од „Македонија-блокира“ најавија нови протести против уставните промени за утре, кои ќе започнат во 12 часот.