На крстосницата од улиците „Борис Трајковски“ и „Трајко Иванов“ вчера во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(46) од Скопје и патничко возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(71) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.Д. и Н.Д.(67) од Скопје, сопатничката во возилото „фиат добло“. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“- Скопје.
Возачот Д.П. и В.П.(42) од Скопје, сопатничка во возилото „фолксваген пасат“, се здобиле со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.