Предметот „Рекет“, против обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, денеска ќе продолжи со четворица нови сведоци на Јавното обвинителство за организиран криминал. Според најавата, за денеска се предвидени да сведочат Сања Димовска, Агапи Дика, Лила Стефановска и Весна Костовска.
Досега како сведоци исказ дадоа поранешните обвинители од СЈО, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, бизнисменот Јордан Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од 1ТВ и други.
Судењето за „Рекет“ пред Кривичниот суд го води судијката Васка Николовска-Масевска, додека обвинението го застапува обвинителката Вилма Рускоска.