Четиригодишно дете-пешак од Словенија е тешко повредено откако во него удрило возило вчера во 15.30 часот на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје. , Патничкото возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки било управувано од А.Џ.(42) од Скопје.
Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.