– Насилен упад се случил синоќа во просториите на нашата телевизија – објави 1ТВ.
– Четири млади лица на возраст од околу 25 години и покрај затворената капија на дворот, успејаа да влезат во просториите барајќи го водителот Сергеј Варошлија. Првично се претставија како негови роднини, но нашите вработени лица го забележаа нивниот очигледен револт, а сомнително беше и тоа што бараа негов телефонски број како и времето кога доаѓа и заминува нашиот колега – велат од 1ТВ.
Вработените побарале помош, а лицата кои упаднале избегале од телевизијата.
Менаџментот на телевизијата се надева дека органите на прогонот во најскоро време ќе го расчистат случајот и ќе ги санкционираат напаѓачите.