Четворица тешко повредени во сообраќајка кај штипското село Лакавица

595

Во тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш кај селото Лакавица повредени се четири лица. Според портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, несреќата се случила во 14:47 часот меѓу товарно моторно возило со скопски регистерски таблички управувано од 37-годишниот Т.Д. од Велес и автомобил марка „голф“ со радовишки регистарски ознаки управуван од 46-годишниот Ж.К. од село Ињево, Радовишко.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачите на камионот и на автомобилот, како и сопатниците во него 41-годишната Ј.К. и 19-годишната С.К. од радовишкото село Ињево. Увидот е во тек – вели Панајотова.

Таа додава дека повредените се пренесени во Клиничката болница Штип. Сообраќајот во двата правци е во прекин, но се пропуштаат само автомобили наизменично, бидејќи и во тек е отстранување на камионот од коловозот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...