Четворица полицајци настрадаа од ножот на колегата во Париз

366

Четворица полицајци, кои биле нападнати со нож од маж во полициска станица во Париз, ги загубија животите. Полицијата го уби напаѓачот, изјави претставник на полицискиот синдикат.

– Еден од колегите го уби лицето одговорно за нападот, изјави за БФМ шефот на локалниот полициски синдикат Лоик Травер.

Вооружениот напаѓач бил дел од персоналот во полициската станица, јавија париски медиуми, повикувајќи се на извори во полицијата.

Портпаролот на париската полиција одби да го коментира нападот, што се случи во близина на катедралата Нотр Дам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...