Четворица од 13 мигранти повредени во сообраќајката синоќа

Според МВР, товарно моторно возило „фолксфаген фејтон” со мигранти,  удрило во товарно моторно возило ,,сканија”, управувано од 58 годишниот Љ.Д од Кавадарци. Десетмина мигранти биле од Пакистан, а тројца од Бангладеш.

87
20051230 Friday 0048 Klinicki centar Majka Tereza Vlez

Четворица од 13 мигранти повредени во сообраќајката синоќа на автопатот Демир Капија-Неготино,  пренесени се  на Скопските клиники, за МИА потврдуваат од хируршкото одделение при Општа болница Кавадарци.

– Од Итната медицинска помош Неготино ни донесоа 13 мигранти. Еден беше починат, петмина задржавме во оваа болница, а тројца со полесни повреди беа третирани амбулантски. Еден од потешко повредените имаше фрактура на пршлен и крварење во мозок, а друг скршеници на ребра – појаснуваат од болницата.

Сите биле на возраст од околу 22 до 25 години.

Според МВР, товарно моторно возило „фолксфаген фејтон” со мигранти,  удрило во товарно моторно возило ,,сканија”, управувано од 58 годишниот Љ.Д од Кавадарци. Десетмина мигранти биле од Пакистан, а тројца од Бангладеш.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...