„Пакомак“ – друштвото за управување со амбалажен отпад, како дел од својата стратегија за подигнување на еколошката свест во февруари годинава спроведе анкета во рамките на државата каде јасно се мапира јавното мислење за свеста, навиките и однесувањето во селектирањето на отпадот од амбалажа. На овој начин се утврдува напредокот на напорите на оваа компанија, точно се детектираат еколошките потреби и се прецизираат насоките кон кои Пакомак ќе продолжи со работа.
Оваа година за разлика од претходните беа зголемени: бројот на испитаници од различни старосни групи од 1000 на 1200, градовите каде се спроведе анкетирањето од 7 на 9 (Скопје, Куманово, Битола, Струмица, Тетово, Штип, Охрид, како и двата дополнителни града: Прилеп и Велес). Исто така во прилог на подигнување на релевантноста на анкетата беше збогатен и анкетниот прашалник.
Истражувањeтo, во однос на последната направена анкета во 2017 година, покажа дека постои напредок во подигнување на свесноста за селектирање на отпадот или во бројки кажано оваа година нешто повеќе од една третина (37%) од граѓаните во најголемите градови во државата имаат развиено навика секогаш или често да селектирааат отпад, што во однос на 2017 година (33,9%) е раст за 3,1 %.