Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во непосредна близина на ресенското село Крушје, помеѓу две патнички возила со битолски регистерски таблици и едно патничко возило со охридски регистерски таблици.
– Во сообраќајната несреќа загинаа четири лица, две лица се жители на општина Битола, а две лица се жители на општина Могила. Заради тешката сообраќајна несреќа и отежнатите временски услови патот е во прекин, а на местото се врши истрага за причините на несреќата – изјави за МИА Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.
Повеќе детали за несреќата се најавени за утре.