Четворица Пакистанци биле повредени од други мигранти во селото Ваксинце, општина Липково ноќеска по полноќ. Полициски службенци излегле на местото и ги затекнале А.Р. (23), М.К.(20), Х.А. (23) и Н.Т. (24), сите од Пакистан, кои имале повреди по телата.
Според нивно кажување тие биле нападнати од неколку други лица од Пакистан кои побегнале потоа. Лицата биле пренесени во Ургентниот центар Куманово, каде им била укажана лекарска помош, по што А.Р. и Х.А., кои имале убодни рани во пределот на ногата, биле пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите биле задржани за лекување во болницата Куманово.
Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.