Четворица малолетни насилници со нож дивееле низ Скопје

805

Кривични пријави ќе добијат четворица малолетници од Скопје, од кои двајца на возраст од 16 години, еден на возраст од 15 и еден на возраст од 12 години, кои се соминачт за насилство, а кривична ќе заработи и таткота на 12-годишникот, поради  „запуштање и малтретирање на дете“.

Малолетниците на 6 декември околу 19:30 часот на улицата Александар Урдаревски  физички нападнале друга група малолетници, при што 12-годишникот со нож го повредил 15-годишникот, кој по укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”, бил пуштен на домашно лекување, соопшти МВР.

По инцидентот, со малолетните насилници во присуство на родители и социјален работник, бил извршен разговор во кој тие го признале делото.

Кривична пријава ќе биде поднесена и против С.О., бидејќи неговиот син, кој има под 14 години, употребил остар предмет при вршење на кривичното дело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...