Четворица загинати на хрватски автопат, појасот го спасил единствениот преживеан (ВИДЕО)

Најмладата жртва има 14 години.

1251

Загинале четири лица на автопат во Хрватска, пренесуваат тамошните медиуми.

Со возило „шкода октавија“ се возеле петмина Срби, а во еден момент возачот изгубил контрола и автомобилот слетал од патот, ударајќи во заштитна ограда.

Најмладата жртва има 14 години, додека останатите загинати се на возраст од 42, 43 и 47 години. Совозачот, кој имал 28 години и бил единствениот корисник на сигурносниот појас, поминал со полесни повреди.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...