Четворица во притвор поради разбојништво во Тетово

103

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчисти разбојништвото кое вечерта на 17 јуни годинава беше извршено во маркет на улицата „Киро Ристевски-Дрнц“ при што од тројца вработени, под закана со нож, беа одземени 175 илјади денари.

Лишени од слобода се четири лица, меѓу кои еден 17-годишен малолетник, потоа Б.З.(20), Р.С.(19), А.Б.(20), сите од Тетово. Во текот на денов против четворицата осомничени ќе следува соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...