Чешката Република им честита на премиерите Заев и Ципрас за постигнувањето на историскиот договор помеѓу Македонија и Грција. Овој успех им припаѓа на сите граѓани на двете земји, соопштија од Министерството за надворешни работи на Чешка.
Истовремено, се вели во изјавата на Министерството, ова претставува значаен чекор за цела југоисточна Европа. Постигнат е низ преговарачки процес посредуван од страна на личниот пратеник на генералниот секретар на ОН Метју Нимиц со поддршка на ЕУ. Перспективата за членство во ЕУ и НАТО за Македонија беше суштински фактор кој ги олесна преговорите.
Европската и евроатланската интеграција на земјите на Западниот Балкан се најсилен фактор за стабилизација во регионот, па затоа овиен процеси ќе продолжат да уживаат целосна поддршка на Чешката Република. Со договорот меѓу Македонија и Грција, Чешка очекува дека кон крајот на јуни Европскиот савет ќе ги започне преговорите за придружување помеѓу ЕУ и Македонија (заедно со Албанија) и дека во јули на самитот на НАТО Македонија ќе добие покана за придружување кон Алијансата.
Со слична интонација, денеска и централните прашки весници објавуваат опширни осврти на македонско-грчкиот договор.