Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан во заедничка изјава им честитаа на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за постигнувањето договор за спорот за името.
Тие очекуваат Советот на ЕУ да ја потврди препораката за преговори.
– Ова, не само што е заслужено како признание за значителните реформски резултати на земјата, туку ќе придонесе за целосна имплементација на договорот во интерес на двете земји, регионот и нашата Унија во целина, се наведува во соопштението./RSE