Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд го поздрави договорот за спорот за името постигнат помеѓу премиерите на Македонија и Грција.
– Овој договор доаѓа долго време. Покажува дека зборувањето, слушањето и разбирањето на меѓусебните загрижености ни овозможува да најдеме решенија дури и за најтешките проблеми. Лидерите на двете земји членки поставија пример за соработка и добра волја за нивните земји и за цела Европа – вели Јагланд, во пишаната изјава по повод договорот.
Советот на Европа е меѓународна организација основана 1949 година, со мисија за промоција на човековите права, демократијата и владеењето на правото во Европа. Во неа членуваат 47 земји.
ФОТО: EPA / SERGEI KARPUKHIN / REUTERS POOL