Претседателот на Собранието Талат Џафери од свое лично име и од името на пратениците, денеска упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
– Ви посакувам денешниот ден да го поминете во убава атмосфера, опкружени со вашите блиски. Овој државен празник кој споменува дел од историјата на Македонија во нејзиниот вековен стремеж за ослободување и самостојност, нека не потсети на секојдневните битки кои ги водиме за градење на силна и успешна држава, држава која на сите ќе им понуди подобар живот и еднакви можности, пишува Џафери во честитката.