Американскиот државен секретар Мајк Помпео по повод Денот на независноста упати честитка и изрази поддршка за евроатлантските интеграции.
„Во име на Владата на САД и американскиот народ, упатувам честитки честитам на народот во Република Северна Македонија по повод 28 години независност“, наведува Мајк Помпео во честитката.
Тој го поздравува како историски Договорот од Преспа со Грција и ги поддржува настојувањата на Северна Македонија да се приклучат кон НАТО и ЕУ.
„Вашата постојана посветеност на демократските принципи и владеење на правото придонесуваат не само на иднината на Република Северна Македонија, туку и мирот и безбедноста во регионот. Се радуваме што ќе ве дочекаме вас како наша 30-та членка во НАТО“, наведува Помпео.
Photo: EPA-EFE / JIM LO SCALZO