Чесни сестри заработуваат околу 100.000 евра од марихуана ВИДЕО

358

Чесни сестри од еден манастир во Калифорнија заработуваат околу 100.000 евра годишно од производство на марихуана.

Со овој бизнис почнале во 2011 година, со само 12 растенија, а денеска работата им цвета. Тие тврдат дека со своите производи од канабис се во состојба да излечат многу болести, од епилепсија до рак, и наводно досега од зависности спасиле осум лица, пишува „Independet“.

– Работевме со осум луѓе кои беа зависници од алкохол, цигари и дрога и на сите им беше подобро. Имаме сто отстотен успех во лечење од зависности – вели чесната сестра Кејт Мијусен.

Таа марихуаната ја опишува како „преубава билка која лечи“.

– Светот пополека се отвора на идејата дека канабисот е лек, а не опасна дрога – вели таа.

За нив неодамна е снимен документарец „ Braking Habits“ и тие се надеваат дека тоа ќе им помогне да го прошират своето бизнис царство.

– Сакаме соработка со Холивуд бидејќи така најбрзо ќе допреме до целиот свет – вели сестрата Кејт.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...