Червар: Ова е кражба, цел свет можеше да го види тоа

589

Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Лино Червар вината за поразот од Германија по кој неговиот тим ги загуби шансите за полуфинале на Мундијалот, ја префрли на данските судии Гјединг и Хансен.

– Ова е кражба која ја виде целиот ракометен свет. Не е прв пат да ни се случува ваква нешто. Судиите ни ги украдија и СП 2008, 2009 и 2010. Тоа треба јавно да се каже. Не смее да се дозволи судии аматери да одлучуваат за нашите судбини. Ние ги надигравме на нивни терен и пред нивна публика. Бевме подобри. Ни одземаа чиста победа – изјави Червар.

Тој го повика и Меѓународниот олимписки комитет да се произнесе за забелешките кои ги имаа Хрватите за судењето во поразот (22:21) од ко-домаќинот на ракометниот Мундијал.

ФОТО: Архива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...