Червар: Македонците играат паметно, нема да ни биде лесно

244

 Селекторот на Хрватска, Лино Червар, е претпазлив пред денешниот дуел со Македонија во рамките на 3.коло Б-група на Светското ракометно првенство.

– Македонците многу добро ги познавам. Сите овие играчи ги тренирав, тие сакаат да се докажат и да не победа. Играат паметно. Нема да ни биде нималку лесно. Бев селектор на Македонија и секогаш кажувам дека тоа е мојата втора татковина. Ракометот во Македонија е најпопуларен спорт. Го имаат Лазаров, Манасков Стоилов,… Мораме да бидеме претпазливи – изјави Червар.

Почетокот на натпреварот е во 18 часот.

По првите две рунди Шпанија, Македонија и Хрватска имаат по максимални четири бода, додека Исланд, Бахреин и Јапонија се без освоен бод.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...