Челниците на ДУИ го преплавија Фејсбук со честитки за Законот за јазиците ФОТО

3604

Безмалку цела ДУИ од синоќа на Фејсбук го прослави објавувањето во Службен весник на Законот за јазиците, со кој албанскиот е втор службен јазик на целата територија на Македонија.

Откако претседателот на Собранието Талат Џафери на Фејсбук ознани дека Законот е објавен во Службен весник, честитки пратија лидерот на партијата Али Ахмети, вицепремиерот Бујар Осмнани, пратеникот Артан Груби, министерот за економија Крешник Бектеши. На Фејсбук за законот за јазиците се огласи и молчаливиот вицепремиер кој ретко оди на работа Хазби Лика.

– Ветивме, остварувме, напиша Ахмети.

Пратеникот Артан Груби ги наброја столбовите кои ги ветила ДУИ.

– Интаграција во НАТО и ЕУ, ветено сторено, јазичната рамноправност, ветено сторено, ситемски реформи, ветено сторено, напиша Груби.

Бујар Османи пак, напиша „Каков почеток на годината горд сум што сум соработник на Ахмети“.

– Употребата на албанскиот јазик од нашите домови отсега и во институциите и пошироко. Честитки сонародници законот за јазиците влегува во сила, напиша Хазби Лика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...