Челзи понуди 113 милиони евра за Кутињо

367
ФОТО: EPA/Alejandro Garcia

Играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, може да се врати во англиската Премиер лига, каде настапуваше за Ливерпул. Бразилецот е посакуван од Челзи, чии претставници веќе се сретнале со Каталонците и понудиле за играчот 100 милиони фунти (113 милиони евра), вели „Сандеј Експрес“.

Од „Камп Ноу“ немаат ништо против да го продадат 26-годишниот фудбалер, иако предложената сума е значително помала од онаа што „лос кулес“ ја платија за Кутињо. Тој во клубот пристигна за околу 160 милиони евра. Парите што може да ги земе од Бразилецот, Барселона ќе ги вложи во неговиот сонародник Нејмар, кој сака да се врати од Париз Сен Жермен.

Самиот Кутињо сепак сака да остане во „Камп Ноу“, но, тој сака да игра повеќе. Во последните 7 натпревари на Каталонците тој играл само три пати. Вкупно сезонава, играчот од средниот ред има 17 натпревари и 4 гола.

ФОТО: EPA/Alejandro Garcia

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...