Челзи на дисциплинска во УЕФА поради нацистичко знаме на навивачите

102

Европската фудбалска федерација отвори случајот против Челзи поради манифестирање на ксенофобични пораки на неговите навивачи.

За време на натпреварот од групната фаза во Лига Европа против унгарскиот Види на гостински терен, беше забележано знаме со знакот на СС „Мртва глава“. Покрај тоа, навивачите на „сините“ се обвинуваат за манифестирање на расизам.

На Челзи му се заканува казна со затворање на трибините на домашен натпревар во евро-куповите.

Лондончаните следниот дуел на свој терен ќе го одиграат на 21 февруари во 1/16 финалето на Лигата на Европа против Малме, но тогаш ќе ја имаат поддршката од навивачите, бидејќи седницата на УЕФА на која ќе се разгледува случајот со расизам е закажана за 28 февруари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...