Челзи минатата сезона ја заврши со загуба од 96,6 милиони фунти

204
ФОТО: EPA / WILL OLIVER

Поранешниот англиски фудбалски шампион Челзи презентираше финансиски извештај за сезоната 2018/19 година. Приходот на лондончаните до 30 јуни 2019 година изнесува 446,7 милиони фунти. Сепак, Челзи, по две последователни профитабилни години, забележа загуби – 96,6 милиони фунти.

Ова се должи на трошоците за трансфери и промена на тренерскиот персонал, како и на неучеството на клубот во Лигата на шампионите.

Челзи инвестираше рекордни 280,6 милиони фунти во првиот тим во текот на извештајната година, вклучително и аквизициите на Кепа Аризабалага, Кристијан Пулишиќ, Матео Ковачиќ и Жоржињо.

Да не бидат загубите поголеми придонесе зголемувањето на заработката за 14,5 милиони фунти по партнерствата со „Hyundai“, „Vitality Health“, „MSC Cruises“, „Unilever“, „Beats by Dre“ и „Millennium & Copthorne Hotels“, како и зголемување на приходите од продажбата на Интернет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...