Без правилна исхрана и тренинг, невозможно е да се симнат килограмите, но овој чај може значително да придонесе за ослободување на телото од вишокот килограми. Освен што ги топи масните наслаги, циметот ја забрзува и работата на метаболизмот.
Одличната работа кај овој чај е тоа што е потполно природно решение и не постои ризик од негативни последици. Доколку сте решиле да се ослободите од качените килограми, време е да го вклучите овој зачин во вашата исхрана. Циметот нуди низа придобивки за организмот, а врвот од листата е борбата со упорните маснотии.
Едно истражување спроведено во 2010 година покажало дека овој зачин е силен согорувач. Освен тоа, добар е за јакнењето на имунитетот и намалувањето на нивото на шеќер и холестерол во крвта. Циметот го зголемува нивото на енергија, ја подобрува циркулацијата, има позитивно влијание врз опстипацијата и го намалува чувството на глад.
За приготвување на чајот ќе ви бидат потребни:
– чаша вода
– лажичка мед
– половина лимон
– 1 стапче цимет
Лимонот и медот во комбинација со цимет даваат феноменални резултати за слабеење и во оваа комбинација лежи тајната на успехот.
Приготвување:
Ставете стапче цимет во вода и почекајте да зоврие. Потоа, додајте мед и исцедете лимон. По желба, може да додадете и малку ѓумбир или бибер за уште подобар ефект. Напивката за слабеење е спремна. Консумирајте по една шолја дневно. Најдобро би било тоа да биде наутро.