Часови по грчки и персиски за деца бегалци за полесно вклучување во грчките училишта

70

Центарот за интеграција на мигранти од општина Солун организира часови по грчки и персиски јазик за деца бегалци од шест до 17 години за нивно полесно вклучување во училиштата во Грција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, jави дописничката на МИА од Атина.

Заменик градоначалникот на Солун, задолжен за социјална политика, Харис Аидопулос за АНА-МПА вели дека станува збор за активност во рамки на програмата „React“ во соработка со УНИЦЕФ и невладини организации, а часовите за децата ќе се одржуваат два пати седмично во попладневните часови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...