Адвокатката на обвинетата Катица Јанева во случајот „Рекет“, Ирена Фрчкоска по завршувањето на денешното рочиште изјави дека торбата „Луј Витон“, која била одземена од нејзиниот стан не е истата од снимките со бизнисменот Орце Камчев.
– Сакам да ги демантирам вчерашните информации во некои медиуми кои напишаа дека одземената ташна „Луј Витон“ од кај Катица Јанева, е онаа која се гледа во снимките на Камчев – изјави адвокатката.