Чаирчани ќе добијат кружен тек

306

Екипите на Град Скопје денеска почнаа со изградба на кружен тек меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула, во општината Чаир. Градежните работи на новиот кружен тек се очекува да завршат за околу два месеца, во зависност од временските услови, соопшти Градот.

– Оваа локација ја одбравме токму поради тоа што густината на сообраќајот на оваа раскрсница е голема, а во близина се наоѓаат основно и средно училиште, како и Поликлиниката „Чаир“. За да ја зголемиме безбедноста во одвивањето на сообраќајот сега овде градиме кружен тек, а ќе се постави и водоводна и канализациона мрежа. Ќе бидат инсталирани и 40 нови канделабри со висина од 7 метри за да се осветли овој потег. Целата инвестиција на Град Скопје во овој проект е околу 19 милиони денари. Нашата крајна цел е во целиот град инфраструктурата рамномерно да се развива. Во минатото, овој дел од градот бил запоставен, нешто што сериозно го исправаме во изминативе две години – рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...