Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено попладне кога на места процесите ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од девет до 15 степени, а дневната температура од 14 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено попладне кога на места процесите ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната температура до 24 степени.
Следува период на променливо и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.