Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека Турција му пружа континуирана поддршка на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и оти планира да ја продлабочи соработката со Каракас „на сите полиња“ и покрај американските пристисоци.
Чавашоглу поддршката за Венецуела ја изрази на заедничката прес-конференција со венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Арес.
Двајцата министри ги критикуваа американските санкции кон Венецуела, кои и штетат на трговијата со злато.
– Венецуела и Турција неприканато работат на изнаоѓање на алтернатива за зголемување на трговската размена – истакна Арес.
Турција покрај Русија, Кина и Куба му пружаат поддршка на Мадуро.