Чавков ќе сведочи за апсењето на Бошкоски во 2011

896

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи судење за предметот „Тортура“ на СЈО кој се однесува за начинот на кој беше апсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011, ден по парламентарните избори.

На судското рочиште за денеска се очекува да сведочат колку лица меѓу кои и поранешниот шеф на БЈБ и министер за внатрешни работи Митко Чавков. Тој треба да биде спроведен во судот од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, каде се наоѓа во притвор откако доби првостепена затворска казна од 18 години за настаните во Собранието од 27 април 2017.

Во „Тортура“ обвинети се ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, бившиот шеф на Алфите, Ивица Антевски – Пуки, и уште петтмина припадници на единицата.

Покрај за „Тортура“, во Кривичен за денеска се закажани рочишта за уште три предмети на СЈО: „Траекторија“, „Триста“ и „Монструм“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...