Поранешниот директор на бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, ќе излезе од притвор. Апелацискиот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд, Чавков со недвижен имот да гарантира дека нема да избега ако излезе од истражниот затвор во Шутка каде одлежува мерка притвор.
Обвинителството за организиран криминал поднесе жалба на одлуката на кривичен, но Апелација ја одби со што одлуката станува правосилна. За сега Чавков останува во затворот, додека не се попише целиот имот во вредност од 600.000 евра кој го става под гаранција.