Чавков останува во притвор

Од судот посочија дека е отфрлено и барањето за обезбедување гаранција за пуштање да се брани од слобода, бидејќи тоа било некомплетно.

499

Скопска Апелација го потврди решението на Кривичниот суд со кое поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков останува во притвор, потврдија за МИА од Судот.

Оттаму посочија дека е отфрлено и барањето за обезбедување гаранција за пуштање да се брани од слобода, бидејќи тоа било некомплетно.

Чавков заедно со уште четири лица беа вратени во притвор на 28 март со одлука на Кривичниот суд, еден ден откако Врховниот суд на РМ ги пушти од Истражниот затвор Шутка во куќен притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...