Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, од затворот во Шутка e преместен во штипскиот затвор.
Чавков од затворот во Шуто Оризари првин бил преместен во Идризово, по негово барање, но веднаш потоа, поради безбедносни причини, без да се знаат детали, бил пренесен во затворот во Штип.
Тој е во притвор по пресудата за упадот на 27 април, со која беше осуден на 18 години.