Чавков и пет пратеници следната недела на суд за крвавиот четврток

252

Обвинетите за настаните во Собранието за крвавиот четврток на 22 август повторно седнуваат на обвинителна клупа. Меѓу нив има и пратеници и граѓански активисти.

За овој предмет на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинети се 30 лица, меѓу кои ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков и пет пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кои според обвинението се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Судот претходно соопшти дека насрочени се вкупно 37 термини за главна расправа, за што веќе се изготвуваат наредби за спровод за обвинетите кои се наоѓаат во куќен притвор како и покани за останатите странки во предметот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...