Црн чад во кавадаречко Возарци, денеска ги вознемири кавадарчани. Од Државниот инспекторат за животна средина за МИА велат дека проблемот бил краткотраен и бил надминат.
– Инспектор доби известување за соодветно случување во „Еуроникел” и веднаш доби налог да излезе на терен и да ја утврди фактичката состојба. Имало поголемо вбризгување на мазут од парниот котел, од страна на бренерот на котелот, па се појавил црн чад. Но, тоа траело само пет минути – изјави за МИА Хусни Тачи, раководител на сектор за инспекциски надзор при Државниот инспекторат за животна средина.
Фото: Илустрација