Црногорците забранија работа во празници и недела

„Позитивна вест е што околу 37.000 вработени во секторот на трговијата ќе имаат слободни денови“, наведува Владата на Твитер.

814

Владата на Црна Гора ги усвои измените на Законот за внатрешна трговија со кои се забранува работа на продавниците на големо и на мало во недела и за празник.

„Позитивна вест е што околу 37.000 вработени во секторот на трговијата ќе имаат слободни денови“, наведува Владата на Твитер.

Неопходните објекти за непречено функционирање на општеството се изземени од ова правило, пренесоа црногорските медиуми.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...