Црногорското Собрание не поддржа истополово партнерство

137

Собранието на Црна Гора денеска не го усвои законот за животно партнерство меѓу лица од ист пол со кој на истополовите двојки требаше да им се овозможи да ги имаат истите права како хетеросексуалните двојки, само без можност да посвојуваат деца.

За усвојување гласале 38 пратеници, четворица биле против, а опозициските пратеници не биле во салата за време на гласањето. За усвојување на законот беше потребно мнозинство од 81 пратеник.

Со предлог законот не е овозможено родителство, старателство, хранителство и посвојување деца. Издржување на дете е можно само доколку другиот партнер не е жив или нема по закон живи роднини кои би можеле да го презема издржувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...