Црногорецот, десна рака на Ким Кардашијан признал: Целиот живот ми е лага!

653

Марио Дедивановиќ, Албанец, по потекло од Црна Гора, денес е еден од најпознатите шминкери, а веќе долги години живее и работи во Америка.

Тоа што веројатно најмногу го прославило е тоа што е еден од најдобрите пријатели и соработници на една од најголемите ѕвезди –  американската старлета Ким Кардашијан.

Марио пред неколку дена ја добил наградата за најдобар уметник меѓу инфлуенсерите, а во сите говори кога ги примал наградите првпат јавно признал дека е хомосексуалец.

Раскажал дека конечно може да стане и гордо да каже дека е хомосексуалец, а потоа ја спомнал и Црна Гора и како што рекол, таму животот не е едноставен за оние кои се поразлични.

– Пред неколку денови, на 73. роденден на мојата мајка, дојдов од работа по напорен ден. Таа ми ги переше алиштата, а јас почнав да плачам. Конечно ѝ признав дека целото мое детство го поминав сонувајќи за моите соништа, чувства и креативност, обидувајќи се да бидам невидлив за никој да не знае како се чувствувам однатре – раскажал шминкерот.

– Знаев дека сум поразличен. Имав трауми поради тоа што сум таков. Живеев во страв цел живот. Се срамев. Мајка ми ми кажа: „Од денес па натаму нема ниту да се плашиш ниту да се срамиш“ – низ солзи раскажал тој.

– Момчиња и девојчиња ширум светот растат во болка и страв токму како и јас, размислувајќи за тоа да се убијат, како што размислував и јас. Само затоа што се поинакви и се плашат да бидат свои бидејќи семејството и општеството ќе ги осудуваат. Денес првпат стоја пред светот како 37-годишен геј маж – рекол Марио.

Наградата лично му била доделена од неговата најдобра пријателка Ким Кардашијан, која кога му ја врачувала истакнала дека Марио го гледа како брат.

– Работиме заедно 11 години, што значи 11 години караници. Нема да поверувате колку се караме, како да сме брат и сестра. Но, тој ги создаде некои од моите омилени спомени и верувам дека ме направи личноста која што сум денес. Го сакам – накратко рекла Ким.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...