Црна Гора: Урнат рекордот во легачење

533

Милош Радуловиќ, Анџела Дендиќ, Милка Додеровиќ и Дијана Лабовиќ, по дури 49 часа лежење, одлучиле да ја поделат овогодинешната титула за најголеми џабелебари во Црна Гора.

Покрај титулата за најголем џабелебар, учесниците се натпреварувале и за парична награда од 400 евра.

На овогодинешното натпреварување учествувале 81 натпреварувач, од кои 15 од Црна Гора и тројца од Србија, кои не ја издржале битката со црногорските легачи.

Тие коментираат дека најтешки им биле физиолошките потреби, додека најлесно им било кога спиеле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...