Црна Гора: Митрополијата не плаќа даноци!

135
FOTO Printskrin (MIA)

Вицепремиерот на Црна Гора, Милутин Симовиќ, изјави дека митрополијата Црногорско-приморска одбива да евидентира деловни активности и да подмирува законски обврски, како што тоа мора да го прави Српската православна црква (СПЦ) во сите земји.

– Значи, јасно е дека непочитувањето на законските обврски е исто така непочитување на државата – нагласи тој.

Според него, и во кралството Црна Гора, Црногорската православна црква уредно ги пријавувала сите приходи и пописи на целиот свој имот и ги доставувала до државните органи за увид.

– Во овие времиња, за жал, сме сведоци дека самиот митрополит Амфилохије вели дека црквата треба да ја регистрира државата за таа да биде реална и вистинска држава. Црна Гора е држава и целиот свет го признава тоа – рече Симовиќ за Телевизија Црна Гора.

Даночната администрација претходно објави дека долгот на митрополијата за даноци на недвижнини и работи што извршува, а не се верски е повеќе милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...