Светот пред некој ден ја виде Црната дупка, а „Повехи“, како што е насловена традиционалната хавајска песна за создавањето, може да биде нејзиното име.
Фотографијата од Црната дупка за првпат се објави во средата во рамки на проектот во кој беа вклучени осум радио-телескопи ширум светот.
Името на Црната дупа го дал професор од Хавајскиот универзитет во Хил, Лари Кимура, пренесува магазинот Honolulu Star-Advertiser.
„Повехи“ значи „украсно бескрајно темно творештво“ или “украсен мрачен извор на бескрајното создавање“.