Домарот го запалил ѓубрето за место кое мислел дека е безбедно да се пали оган во дворот на музејскиот комплекс, пишува Охрид1.
Домарот на црквата „Свети Димитрија“ која е лоцирана до црквата Света Бoгородица Перивлепта запалил ѓубре кое го собирал околу црквите и галеријата на икони и од тоа се издигал чадот кој се гледа на фотографиите кои беа објавени на интернет – информираат од Завод и Музеј на Град Охрид за „Скопје 1“.
Од управата на институцијата задолжена да го штити културното наследство велат дека излегле на терен и провериле за што се работи и дека ќе преземат мерки вакви самоволни дејствија да не се повторат.