Црвен аларм во Хрватска, ја демне невреме

1035

На хрватското крајбрежје, црвен метеоролошки аларм е на сила поради силно југо, а пред сé погодени се западниот брег на Истра, Кварнер и Кварнерниќ, како и северна, централна и јужна Далмација.

Загрепскиот и Карловачкиот регион исто така се под предупредување – жолто, заради поројните врнежи од дожд.

Фериботи и бродови линии што го поврзуваат Сплит со островите, се уште се во прекин и денеска, јавија хрватски медиуми.

Во прекин се и некои линии што ги поврзуваат Ријека, Задар и Дубровник со островите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...