„Црвените ѓаволи“ повторно ќе ги води Сер Алекс

719
ФОТО: EPA/ANDY RAIN

Сер Алекс Фергусон повторно ќе застане на чело на Манчестер Јунајтед. Ова ќе се случи на 26 мај, кога „црвените ѓаволи“ ќе обележат 20 години од нивниот историски „требл“.

На овој датум ќе се одржи хуманитарен натпревар со Баерн Минхен, кој Јунајтед го победи на финалето во Лигата на Шампионите во 1999 година. Во легендарната победа за „црвените ѓаволи“ на „Камп Ноу“ прецизни за пресвртот над Баварците беа Теди Шерингам и Оле Гунар Солскјер, кој во моментов е на чело на англискиот гигант.

На 26 мај легендите на Јунајтед, предводени од 77-годишниот Алекс Фергусон ќе се соочат против ѕвездите на Баерн од блиското минато во повторување на финалето од 1999 година.

Сите собрани средства ќе одат во Фондацијата Манчестер Јунајтед.

– Со нетрпение го очекувам овој специјален ден на „Олд Трафорд“. Ќе биде одлично да видиме некои познати лица и одлична можност даја поддржиме фондацијата на Манчестер Јунајтед – прокоментира Сер Алекс Фергусон.

Во подоцнежна фаза ќе бидат објавени имињата на играчите кои ќе учествуваат на мечот.

Пред неколку дена, Фергусон се врати на својот омилен стадион, кога го поддржуваше Јунајтед на мечот осминафиналето на ЛШ со ПСЖ. Тимот на Солскјер загуби од Парижаните со 0:2.

ФОТО: EPA/ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...