Црвениот кармин на ќерката на Ким Кардашијан ги подели фановите (ФОТО)

1001
ФОТО: Твитер / „Е! News“

Божиќните фотографии од семејството на Ким Кардашијан и Кање Вест ги поделија фановите.

Имено, петгодишната Норт Вест има црвен кармин, на што фанови коментираа дека „таа е толку млада за да носи кармин“.

Други пак, коментираа оти „Норт и тие црвени усни се иконични“.

– Таа самата ја избра бојата. Ова е специјална прилика – напиша Ким.

Покрај овие фотографии, фановите ја очекуваа и божиќната честитка од семејството Кардашијан.

На фотографијата се Ким со нејзините деца, Клои Кардашијан со ќерката Тру Томпсон, Кајли Џенер и Сторми Вебстер, Кортни и нејзините деца Пенелопи, Мејсон и Рејн Дисик, како и ќерката на нивниот брат Роб Кардашијан, Дрим.

Кендал Џенер и Крис Џенер ги нема на честитката, на што Ким искоментирала:

– Тие се брзаа за состанок после фотографирањето, па еве ви!

Таа додала дека честитката била испланирана во последна минута, пренесува „E! News“.

 ФОТО: Твитер / „Е! News“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...